Министерот за земјоделство Љупчо Николовски најави дека од денеска учениците во центарските училишта за ужина ќе добијат по едно македонско јаболко.

Од училиштата во Центар започна дистрибуцијата на нашите домашни македонски јаболка, во рамки на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“ кој го реализираме преку програмата за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи, рече министерот Николовски.

Министерот се пофали дека се обезбедува здрава ужинка за сите ученици во сите основни училишта низ државата, односно 186.000 ученици во 350 основни училишта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.