Oпштина Кисела Вода започнува со спроведување на акција за собирање на кабаст отпад на цела своја територија. Активностите за подигнување на кабастиот отпад и електронската опрема ќе се одвивааат до крајот на април преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, а во истите ќе се вклучи и ЈП Комунална хигиена.

Како што велат од општината, секои последни два дена во седмицата ќе бидат опфатени по две месни и урбани заедници, каде освен тоа што ќе се подигнува кабастиот отпад, сезонските работници ангажирани од Општината ќе вршат и генерално чистење на улиците и кастрење на суви гранки на најфреквентните улици под надлежност на Општина Кисела Вода. Исто така, ќе се интервенира и во делот на урбаното средување на скалите, како и средување на детските игралишта и парковите на територија на Општина Кисела Вода.

Распоредот на месните и урбаните заедници во кои ќе се работи е следниот:

УЗ Црниче, УЗ Пржино 21-22.03.2019 (четврток, петок)
УЗ нас. Драчево, МЗ село Драчево, МЗ Подстаница 28-29.03.2019 (четврток, петок)
УЗ 11 Октомври-Бараки, Згради 04-05. 04.2019 (четврток, петок)
УЗ Цветан Димов, УЗ Бирарија 11-12. 04.2019 (четврток, петок)
УЗ Кисела Вода, УЗ Расадник 18-19. 04.2019 (четврток, петок)
МЗ Припор, МЗ Усје, МЗ Пинтија, МЗ Стаклара-Каменик 28-29.03.2019 (четврток, петок)

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните кабастиот отпад да го одложуваат до 11 часот, во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици на начин што истиот нема да го попречува движењето на пешаците и возилата. Оттаму додаваат дека вон определениот датум и време, не е дозволено одлагање на кабастиот отпад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.