Зоолошката градина во Скопје го поскапи билетот од 50 денари на 80 денари, но се коваат планови, цената и понатаму да расте. Односно во летниот период дополнително 50 денари влез ќе се плаќа за паркот диносауруси, а според најавите 20 денари плус граѓаните ќе треба да дадат за да ги видат бебињата животни.

Одлуката за поскапување на билетот од 50 на 80 денари беше изгласана на седница на Советот на град Скопје.

Директорот Галетановски како причина за поскапувањето на билетот ги посочи животните, односно изјави дека слонoвите и шимпанзото јаделе многу, па имало големи трошоци.

Зоолошката има трошоци, слоновите јадат многу, исто како и шимпанзото, објасни директорот на зоолошката градина Ѓорги Галетановски по однос на точката со која се предвидува поскап билет за влез во зоолошката градина.

Против зголемувањто на цената се Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, иако го изгласа мнозинството на градот Скопје.

Ваквата цена  значи ограбување на граѓаните и тоа удирајќи по најболната точка, децата истакна Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.