Првиот работник кој се врабиотил во погонот со линдан во Охис Реџеп Ајраловски денеска е и единствениот жив работник од 45-те кои поминале низ погонот. Во изјава за Телма вели го спасил животот на село.

Без соодветна заштитна облека, во тешки услови во Охис работел и Киро Пешевски. Од живата и хлорот со кои 34 години бил во директен контакт и денес има потешкотии во дишењето и мора да пие лекови.

Вработена во мензата на фрабриката вели дека тешко било дури и да се одржи и вегетацијата во дворот на Охис, од токсичната почва.

Pред околу 40 години на еден систематски преглед сите вработени имале ист резултат – замастување на црниот дроб, заболување што може да е предизвикано од вдишување на хемиски супстанции.


Целиот прилог ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.