Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.483, бројката на оздравени пациенти е 14.516, на починати е 722, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2. 245. Од вчера се регистрира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Во Скопје има активни 650 случаи на ковид-19. Од скопските општини со најмногу активни случаи се општините Аеродром и Центар, по 97 односно 91 активен случај.

Во Скопје со повик број на активни случаи се и општини Карпош (83), Гази Баба (80), Кисела Вода (69) и Ѓорче Петров со 47.

Со значително намален број на активни случаи се Бутел со 29, Илинден со 25, Шуто Оризари со 17 и Сарај со 12.

Со едноцифрени броеви на активни случаи се општините Студеничани со осум, Петровец со седум, Арачиново и Чучер Сандево со по пет, Сопиште со три и Зелениково со два.

На територијата на Скопје се регистрирани и осуммина странци позитивни на вирусот, а еден случај е сè уште нераспределен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.