Доколку се утврди дека има сомневање за сторено кривично дело со кое е предизвикано опасност, Oбвинителството треба да ја даде наредбата мострите од излеаните токсини од ОХИС да се испитуваат во странство, бидејќи во МВР нема соодветна лабораторија.

Мострите треба да покажат каква структура и состав на хемикалии и во која количина од токсичниот метил акрилат мономер се излеалe од фабриката.

Одликата на ОЈО зависи од наводите во извештите од надлежните органи во земјава, односно од Биохемиската лабораторија во Штип, која треба да каже колкава концентрација отровна материја има во воздухот.

Во изминатиов период, со фирмата „Екоцентар 97“ бил склучен договор за остранување на токсичните хемикалии, за која треба да се утврди дали работела согласно стандардите.

Инаку, од 11 хемикалии досега е остранет само хлорот, додека 400 метални буриња чекаат на ред да бидат транспортирани во странство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.