Иницијативата „О2“ отвори неколку прашања поврзани со хемикалиите во ОХИС и со фирмата Екоцентар 97, која го доби тендерот за дислокација на опасните материи.

Цистернава со винил хлорид е вагонска цистерна, донесена со пруга која постоела во кругот на фабриката. Каде е сега пругата? Нели има пријава од ДИЖС за крадење на прагови од пруги, дали овде некој пријавил каде се однесени праговите? Дали можеби се горат заради висококалоричноста, но сега збогатени дополнително со сите испарливи убер токсични хемикалии од ОХИС. Дали навистина Екоцентар 97 ги исекол шините низ ОХИС пред 6 години, иако сите хемичари му сугерирале дека тоа е единствениот начин да се дислоцира вагонот со винил хлорид? Дали Екоцентар 97 го откупила целото железо од ОХИС, цели погони, сосе пруги? Дали ги демонтирал и единствените турбини во државава каде тој винил хлорид може да се полимеризира, единствениот начин да се претвори во безбедна суровина? Ги повикуваме новинарите да истражат – побараа од „О2“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.