Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19. Министерството за здравство информира дека во Бутел има шест новозаразени, во Чаир – 11, Гази Баба еден, во Карпош, Аеродром и Сарај по двајца.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 5 пациенти, хоспитализирани се вкупно 44 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти, 1 пациент е на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 35 пациенти. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се уште 10 пациенти.

Вкупната бројка на дијагностицирани на коронавирусот во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.226, бројката на оздравени пациенти е 1.552, на починати се 133, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 541.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.