Град Скопје го склучи договорот на новогодишно украсување на градот. Украсувањето ќе чини 243.000, а договорот ексградоначалникот Петре Шилегов го потпишал со фирмата „Линк медиа плус“.

Оваа фирма била единствена која доставила понуда на јавниот повик кој беше објавен во септември.

Украсување предвидува поставување централна новогодишна елка на Плоштадот Македонија и украсување на неколку други локации и улици. Украсувањето треба да е во духот на модерното време и живеење, со високи естетски, уметнички и ликовни ефекти, запазувајќи при тоа унифициран концепт на целиот простор. Новогодишното украсувањето треба да биде завршено до 20 ноември“, стои во договорот објавен на страната на Бирото за јавни набавки.

Лани главниот град беше украсен за Нова година, но немаше новогодишна прослава поради пандемијата на ковид-19. Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш бараа Град Скопје и општините да се откажат од новогодишно украсување поради пандемијата на ковид-19 односно да не се трошат буџетски пари за новогодишни светилки и украси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.