Владата на вчерашната 21 седница го утврди текстот на Предлог на законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“.

Проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“ опфаќа воспоставување на две линии за брз автобуски превоз со коридори кои се резервирани само за автобусите, со цел подобрување на квалитетот на превозните услуги на патниците во правец „исток – центар – запад“ и „југ – центар- север“, намалување на времетраењето на превозот на патниците, подобар пристап и користење на превозните услуги и за намалување на загадувањето на воздухот, се вели во владиното соопштение.

Станува збор за проект вреден 70 милиони евра со кој во Скопје ќе се воведува брз автобуски систем или т. н. трамвај на тркала.  Предлог-законот за задолжување сега треба да помине во Собранието, по што ќе биде потпишан договорот на заем. Истовремено, се изработува идејниот проект за трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.