Ново повеќенаменско детско игралиште во Општина Аеродром
Продолжуваат нашите тековни активности, активно работиме на заложбите од предизборието. Ново Лисиче добива повеќенаменско детско игралиште, ново игралиште за баскет и уредување со нова урбана опрема. Инвестицијата во вредност од 1,800,000 денари е во соработка со општествено одговорна компанија Фратели Дакордо ДОО.
Конкретната локација на овој парк е на булеварот Февруарски Поход во Ново Лисиче.
Повеќе паркови и места за рекреација беше еден од нашите клучни приоритети, па затоа е и ова повеќенаменско детско игралиште. Продолжуваме да ги остваруваме нашите зацртани цели и заедно создаваме поубав, почист и посреден Аеродром, објави на својата Фејсбук страница, градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.