НОВО ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ ВО НАСЕЛЕНОТО МЕСТО РАСАДНИК! Денес со фудбалскиот натпревар помеѓу учениците на ООУ Св. Климент Охридски и ООУ Ацо Шопов официјално се пушти во употреба новото фудбалско игралиште. Целосно се реконструираше старото игралиште за фудбал. Поставена е специјална подлога за мал фудбал, ново лед осветлување, стои во Фејсбук објавата на градоначалникот на општина Бутел, Дарко костовски.

Тој напиша дека со ова целосно се заврши новиот рекреативен потег во населеното место Расадник на над 3000 м2.

– Нов парк, нови пешачки патеки, ново зеленило и ново фудбалско игралиште се дел од овој рекреативен потег. Општина Бутел се менува! Ветеното го реализираме! #ОпштинаБутел, додава Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.