Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 11 нови пациенти поради компликации предизвикани од корона вирусот.

Од министерството за здравство информираат дека на инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 252 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало два приема. Во Ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало три нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника шест во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациент со симтоми на корона вирусот – информираат од Министерството.

Во соопштението се наведува дека во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 82 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.