Завршија јавната презентација и анкетата за деталниот урбанистички план градска четврт И09 – Нова железничка станица во делот за општината Центар, пишува весникот Нова Македонија.

Бидејќи планот опфаќа и дел за Аеродром и за него допрва ќе следуваат јавна презентација и анкета. Центарци веќе ги дадоа своите забелешки, барем оние што го видоа планот и сега им останува на надлежните да ги сумираат, анализираат и евентуално да ги вградат во предвидениот план. Планот опфаќа површина од 8,51 хектари во градската четврт нова железничка станица.

Со него се предвидува изградба на нови станбени и деловни објекти, зелени површини и единици за здравствена и социјална заштита. Притоа, во делот на општината Центар планот предвидува инфраструктура и станбени згради, а во делот на општината Аеродром големи трговски единици и единици за здравствена и социјална заштита, а истиот тој предвидува и паркови и зеленило на територијата на двете општини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.