И покрај тоа што градските власти ветија дека од 1 ноември ќе стартува користењето на хартиениот билет за едно возење, на оваа поволност граѓаните ќе мора да почекаат уште малку. Реализацијата на тендерот за хартиените билети, заедно со новата мобилна апликација за јавниот превоз и дополнителните валидатори во автобусите, сѐ уште се во тек на реализација.

Од ЈСП – Скопје за „Мета.мк“ не можеа да кажат на кој датум ќе профункционираат новите поволности за користење на скопскиот јавен превоз. Постапката за реализација на договорот е во тек – е единственото објаснување што ни го дадоа од ЈСП.

„Македонски Телеком“ во јули годинава го доби тендерот вреден над 2,2 милиони евра, со кој треба да им се овозможи на граѓаните сами да ја надополнуваат картичката „Скопска“ и да имаат увид во нивната сметка. Воедно, со актуелниот тендер се набавуваат 300.000 електронски хартиени билети за едно возење, како и 400 нови валидатори за картичката „Скопска“ што ќе се постават во градските автобуси. „Телеком“ треба да изработи и мобилна апликација, која во реално време ќе го прикажува возниот ред на линиите од јавниот превоз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.