Гласачите во скопските општини денеска масовно излегоа на гласачките места. Скопјани во досега невидени редови за гласање упорни се да го искористат своето право на глас и да одлучат кој и како понатаму ќе ја води  нивната општина, и кој ќе се грижи за нивните животни потреби и проблеми.

Како и во поголемите градови во земјава, така и во Скопје, пред гласачките места можат да се видат по педесетина и повеќе луѓе како стрпливо чекаат да гласаат.

Редици има во Ѓорче Петров.

Маса народ има и во Аеродром

Инаку пријавени се десетици злоупотреби и забележани се обиди за поткупи на гласањето, а во Скопје, на избирачко место 2780 во Драчево фатена е вработена во државната администрација која учествувала во таканаречениот “бугарски воз“ за наместено гласање кога се влегува со веќе обележано гласачко ливче, а се излегува со празно и се предава на следниот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.