Откако во април граѓани реагираа дека се сечат дрвјата во паркот кај поранешна „Славија“ кај ОУ „Браќа Миладиновци“ во Аеродром, сега просторот покрај улицата „23 Октомври“  е заграден, а теренот се спрема за нова градба.

Општина Аеродром во април тврдеше дека дрвјата на истата локација мораат да бидат тргнати, бидејќи по ланското невреме претставувале потенцијална опасност за безбедноста.

Според ДУП за градска четврт И10, се работи за парцелата 3.3, која е вид А2 (станбено домување). Таа е со градежна површина од 1269 м2 и овозможува зграда од осум ката плус поткровје.

На оваа информација реагира Ивор Мицкоски.

Не се исти – полоши се! Зошто ја убија секоја надеж, ја прокурцаа граѓанската енергија и консензус, зошто ништо важно не променија.

Зошто се што беше режимско го изнормализираа.

Затоа се полоши, пишува во најновиот Фејсбук статус поранешниот директор на Центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски.


Целиот текст на Радио МОФ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.