Наместо „Лајка“, среде Скопје, на Вардариште, се негува дива депонија, открива „Алфа“, додавајќи дека скопски Комуналец го собира сметот од градот и го истура во скопско Маџари, ама не на своја рака, туку со знаење на надлежните.

Пред пет дена, граѓаните пред камерата на Алфа ги повикаа градоначалниците и инспекторите да реагираат навреме, оти, како што велат, ако не короната, ќе ги убие смрдеата од ѓубрето што ја дишат. Им се обрати единствено градоначалникот на Гази Баба, но само да ги извести, дека тој не бил надлежен за депонијата. Ваквиот однос уште повеќе го зголеми револтот кај жителите на Маџари, по што, ги контактирале сите надлежни, но сите се прогласиле за ненадлежни за нивниот проблем.

Одговор, конечно, дојде од Град Скопје. Екипите на скопски Комуналец собрале приближно 1000 тони отпад поради изминатиот викенд-полициски час,  но немале доволно време да го однесат во Дрисла, па привремено го складирале во Вардариште и во Карпош. Дополнително,  од Град Скопје велат,  дека локациите, денеска целосно се  расчистувале. Но, граѓаните кои живеат во близина на депонијата, велат – не е така…

Целата сторија на „Алфа“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.