Родители чии деца учат во основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Аеродром на социјалните мрежи се заблагодаруваат на поддршка за денешниот мирен протест.Тие негодуваат што во школскиот двор се планира изградба на градинка со што ќе им се земат игралиштата на нивните деца.

Браво за сите што дојдоа! Не имаше многу и се надеваме дека нашиот глас беше слушнат и ќе биде земен во предвид од надлежните. Ќе ја чекаме средбата која ја најави Градоначалникот за две недели, пак да бидеме бројни и да бидеме истрајни во нашата цел. Не сме против градинка, туку сме против градинка на локацијата на нашето игралиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.