Армијата информира дека по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, в сабота на 7 септември 2019 година со почеток во 18.00 часот, од касарната ,,Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.

Претходно, во периодот од 15 до 17 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден плотун од 6 артилериски орудија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.