Скопје, 17.09.2021 година – Градот Скопје известува дека поради асфалтирање со завршен слој на булеварот Крсте Мисирков, утре (18.09.2021 година, сабота) почнувајќи од 06 часот наутро па се до 05 часот утрото на 19.09.2021 година, потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до крстосницата со булеварот Кочо Рацин, во насока од ТЦ „Мавровка“ кон „Веро Џамбо“ ќе биде комплетно затворен за сообраќај.

Сообраќајот ќе се одвива еднонасочно во спротивниот правец (кај МАНУ).

Во недела (19.09.2021 година) почнувајќи од 06 часот наутро па се до 05 часот утрото на 20.09.2021 година, комплетно затворен за сообраќај ќе биде спротивниот правец (во насока од „Веро Џамбо“ кон ТЦ „Мавровка“). Додека траат градежните работи на овој потег од булеварот Крсте Мисирков, сообраќајот ќе се одвива еднонасочно во правец од ТЦ „Мавровка“ кон „Веро Џамбо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.