Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека акцијата за наплата на долговите на рати без камата е во тек и завршува за десет дена.

Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица почна на 17 јуни 2020 година и завршува на 31 јули 2020.

Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг да аплицираат за склучување договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период, одлуката престанува да важи, се вели во соопштението.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје апелираат корисниците при посетите на претпријатието за склучување на договорите да ги почитуваат мерките на претпазливост и заштита одредени од Министерството за здравство и Владата – задолжително носење на маски, одржување на растојание од два метри и дезинфекција на рацете.

Граѓаните повеќе информации можат да добијат на 02 3073 010 – Дежурно-информативен центар, 02 3240 300, Дирекција – [email protected] и на www.vodovod-skopje.com.mk и www.facebook.com/jpvodovod.skopje

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.