Од фонтаните низ Општина Аеродром на прагот на горештините ќе потечат цвеќиња и грмушки. Градоначалникот Златко Марин денеска се пофали дека некогашната фонтана во близина на трговскиот центар „Бисер“ добила сосема нов лик „прераснувајќи во катче хортикултурно уредено со најразлични цвеќиња и зимзелени дрвја“ и најави дека и другите фонтани повеќе нема да прскаат.

„Општината се одлучи на ваквиот чекор поради скапото одржување на фонтаната стара 12 години. Во наредниот период хортикултурно ќе бидат уредени и други фонтани, кои за аеродромци ќе претставуваат вистинско зелено катче каде што ќе можат да уживаат во пролетните и летните денови. Исто така, ќе биде поставена и нова урбана опрема, со нови клупи и канти за отпадоци“, рече Марин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.