Кандидатката за градоначалник на Центар, Наташа Котлар, ги поддржува реакциите за негрижата на градските власти за Музеите на праисторијата и на османлискиот период на Скопското Кале, кои без целосно завршени на Калето пред пет години, но оттогаш се оставени да пропаѓаат и сега се претворени во руина.

Својата реакција за пропаѓањето на овие два музеи, Котлар ја искажа споделувајќи ја објавата на Александар Јордановски.

Музејот на праисторијата на Скопското Кале – требаше да ги прикаже праисториските мирни епохи на скопскиот симбол!

 

Музејот на османлискиот период на Скопското Кале – требаше да го прикаже петвековното османлиско времетечение на скопските бедеми!

 

И двата објекти, целосно завршени до крајот на 2016 година, останаа да ја чуваат сопствената сенка, а требаше да бидат скопска гордост… – реагира Јордановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.