Највисоката казна за загадување која е платена е 10 илјади евра и тоа ја плати компанија од кругот на „Железарница“, која испушти токсични материи во Вардар поради кој реката стана жолта, рече вечерва Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје во емисијата „Што не е јасно“ на телевизијата „Алфа“.

Шилегов рече дека само во декември годинава се казнети 235 загадувачи на амбиенталниот воздух, информирајќи дека казните се движат од 50 до 15.000 евра, во зависност од прекршокот.

Во минатото имаше само двајца инспектори за животна средина, а сега бројот на тој оддел е зголемен, рече Шилегов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.