Клупите за седење на територијата на Општина Центар ќе бидат покриени и заштитени, како би се овозможило спречување и користење на урбаната опрема за време на дозволениот час за движење на граѓаните, соопшти денеска градоначалникот Саша Богдановиќ, кој додаде дека ова се нови мерки за зголемена безбедност на граѓаните и спречување од дополнително ширење на вирусот КОВИД-19.

Со овие дополнителни мерки кои ги преземаме ќе го спречиме групирањето на повеќе лица на едно место и ќе влијаеме на зголемена безбедност од дополнително ширење на вирусот, соопшти Богдановиќ.

Оваа мерка ќе биде активна додека траат мерките и препораките од Владата.

Според мерките кои беа донесени на денешната владина седница, од 16 часот в четврток се забранува движење во паркови, шуми и излетнички места. За Велигден полицискиот час ќе трае од петок во 16 до вторник во 5 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.