Надлежните во општина Центар веќе два дена кријат дека училиштето „Димитар Миладинов“  е поплавено со отпадни води и децата не одат на училиште.

Директорката на училиштето Марија Вармаис Симоновска неколку дена ги алармира надлежните дека имаат голем дефект во системот на парно греење и оти водата е излеана.

Поплавени се и тоалетите и доведена е во опасност и водата за пиење во училиштето и можноста од зараза.

Директорката стравува дека е можно да дојде до мешање на отпадните води и таа за пиење при што е загрозено здравјето на децата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.