Во организација на Град Скопје, над 60 000 граѓани од земјава и од странство ја дочекаа Новата 2020 година во главниот град на плоштадот „Македонија“ со неверојатно шоу и вонвременските хитови на големата музичка ѕвезда, Дино Мерлин, информираат од Град Скопје.

Веселата атмосфера со пеењето на неговите хитови на новогодишната ноќ дополнително ја кренаа сценските ласери и повеќеминутниот огномет со кои се означи почетокот на новата година. Граѓаните во весело расположение си посакаа многу среќа, добро здравје и успеси во Новата 2020 година.

Новогодишната забава во срцето на Скопје вчеравечер почна уште во 20:30 часот со настапот на музичките групи „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“ кои ја загрејаа атмосферата во студената новогодишна ноќ и го најавија новогодишното шоу на Дино Мерлин.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.