Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје посочува дека градоначалникот Петре Шилегов ја пренатрупува градската администрација со неквалификувани партиски кадри, нови вработувања кои се платени со парите на граѓаните.

Според опозицијата, неформалните бројки говорат дека Шилегов за две години вработил над 1.000 партиски војници во Град Скопје и неговите јавни претпријатија.

Над 1.000 партиски војници Шилегов вработил за цели две години, додека претпријатијата бележат загуби. Се случува вистинско девастирање и уништување на градските претпријатија. Голем дел од овие кадри се неквалификувани за работните позиции, и не ги исполнуваат законските одредби, за што страдаат квалификувани кадри кои не ја добиваат шансата за ново работно место.

За потсетување, во кампањата Петре Шилегов ветуваше мала и стручна администрација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.