Територијалната противпожарна единица на Град Скопје (БППЗ) објави дека денеска на територија на Град Скопје имаше 16 интервенции за краток период од 13 часот до 18 часот и оти сите се локализирани.

Пожарна Скопје исто така информира дека во помош на гаснење на пожарот во Старо Нагоричане се испратени две возила и дополнителни сили.

– Во помош праќаме и три возила и 15 пожарникари за Кочани каде состојбата со пожарот е сериозна, објави Пожарна Скопје на својата Фејсбук страница.

Апелираат на совеснпст до граѓаните и оти секое мало невнимание на овие високи температури може да предизвика катастрофа во овој период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.