Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, учествуваше во акција за засадување на околу 1.200 аризонски чемпреси на ридот над игралиштето во Усје.

Ѓорѓиевски информира дека денеска е почнато со садење дрвца на ридот, на површина од 5000 м2.

Обезбедивме донација од околу 1200 аризонски чемпреси кои најдобро се прилагодуваат на временските услови на нашиот регион. На овој начин ја подобруваме естетиката на овој запуштен простор, но и креираме природен филтер против загадувањето. На жителите на општина Кисела Вода им ветив подобрување на квалитетот на живот во секој негов сегмент, ветив чиста и зелена општина. Денешната акција во населеното место Усје и сите оние кои ќе следат после неа, се знак дека планирам да ги исполнам сите мои дадени ветувања – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Од Општина Кисела Вода најавуваат дека во периодот што следува се предвидени и други акции за пошумување и зазеленување на општината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.