Веќе повеќе од една недела (поточно 10 дена) семафорите на двете крстосници на бул. Видое Смилевски Бато во Ново Лисиче, се надвор од функција т.е. не работат, пишува читател до редакцијата на „Република“.

Која е причината, никој не знае. Секојдневно има сообраќајки, ризично е да се премине на пешачки (бидејќи нема никаква сигнализација ниту за возила, ниту за пешаци). Ова што се случува на овој булевар е вистински ХОРОР. Градот, општината се тотално незаинтересирани во решавање на овој навистина сериозен проблем, пишува читателот.

Тој замоли веста за раскрсницата на смртта, како што ја нарекуваат, да ја објавиме со цел да се превземе нешто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.