На денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, изгласаа одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Ѓорче Петров и Град Скопје.

Со одлуката се предвидува партерно уредување и озеленување помеѓу реката Лепенец и прочистителната станица во општина Ѓорче Петров, односно изградба на мега парк кој што ќе биде за сите жители на општина Ѓорче Петров.

Ова е значаен чекор за нашата општина бидејќи просторот од 30.000 метри квадратни кој што беше до скоро дива депонија, сега станува парк, со многу модерни содржи за спорт и рекреација.

Со ова скопјани ќе добијат ново место за рекреација. Вредноста на оваа меѓуопштинска соработка изнесува 68.5 милиони денари, при што Град Скопје учествува со 67 милиони денари, а нашата општина со 1,5 милион денари.

Продолжуваме да го реализираме она што го ветивме пред граѓаните во предизборието. Во завршна фаза е уредувањето на локалитетот Крст во Кучково при што ѓорчевци и скопјани за многу брзо ќе можат да уживаат во новите содржини.

Покрај тоа, во тек е и градежна офанзива со која се врши асфалтирање на над 20 улици во општина Ѓорче Петров, со што жителите ќе добијат соодветни услови за живот.

Сето ова го реализираме во првите 8 месеци од нашиот мандат. Во текот на летото продолжуваме со започнување на реализација и на останатите ветени проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.