Пред истекот на неговиот мандат, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својата Фејсбук страница се пофали дека граѓаните ќе добијат БРТ (Бас рапид транзит) на територијата на главниот град.

– Популарното наречено автобуско метро годинава почнува да станува реалност. Екипи на Град Скопје деноноќно работат на овој долгогодишен скопски сон, напиша Шилегов.

Со ова автобуско метро ќе се овозможи траса која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај.

– Ова е проект на Град Скопје, коj е финансиран од Владата, кој обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, и со тоа и намалување на загадувањето во воздухот, вели Шилегов во својата објава.

Не спиеме 😉, Скопје дефинитивно ќе има БРТ – Бас Рапид Транзит 💪.
Популарното наречено #АвтобускоMетро годинава почнува…

Posted by Петре Шилегов on Monday, 18 January 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.