По добиеното барање од група граѓани од Дебар Маало во однос на бучавата од настаните коишто се организираат во рамките на манифестацијата „Самерленд“, што се организира во Градскиот парк, Градот Скопје донесе одлука за скратување на траењето на активностите на оваа манифестација и истите да завршуваат еден час порано.

Така, наместо до полноќ, програмата секоја вечер ќе трае до 23 часот, а истата ќе се одвива и со намалена гласност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.