Во недела, на 5-ти септември во Градски парк во Скопје, со старт од 09:00 часот, ќе се одржи Авицена Женска Трка.

Трката е во организација на Сојуз на спортови на Скопје, a под покровителство на Град Скопје.

Стартот и целта на трката ќе бидат во Градски парк, позади бараките на ЈП „Паркови и зеленило“. Трката ќе биде комплетно организирана според безбедносните протоколи и препораки, со цел заштита на учесниците и организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.