Министерството за внатрешни работи на својата фејсбук страна објави демант. Во продолжение го пренесуваме во целост.

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите изнесени од градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку Фејсбук статус, а потоа пренесени од неколку веб портали.

Тој во својата Фејсбук објава наведува дека СВР Скопје не испратил полициски службеници да учествуваат во закажана акција за решавање на проблемот со незаконски продавачи паркирани на улица Маџари.

Имено и самиот Стефковски себеси се демантира во истиот Фејсбук статус откако прво вели дека не била упатена сообраќајна полиција, но биле упатени полициски службеници од ПСОН Гази Баба.

Полициски службеници биле упатени, односно било постапено по барањето на општината, а полициските службеници од ПСОН Гази Баба имаат исти надлежности како сообраќајната полиција и тие ја завршиле својата задача.

Апелираме до градоначалникот Стефковски да не шири дезинформации и да не ја доведува во заблуда јавноста, како и да не ја користи институцијата за партиска пропаганда. МВР редовно и професионално ги извршува работните задачи, за сите граѓани подеднакво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.