Eдиницата за економски и компјутерски криминал – СВР Скопје постапува за нелегални градежни активности во реонот на трговскиот центар Мавровка и презема соодветни мерки и активности за Eутврдување постоење елементи на кривично дело што се гони по службена должност по чл.244-а „Бесправно градење“.

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека за преземените мерки и активности до Основното јавно обвинителство во Скопје е доставено писмено известување согласно Законот за кривична постапка.

– Единицата за економски и компјутерски криминал и понатаму презема мерки и активности во координација и по насоки на ОЈО Скопје, а по завршување на активностите и комплетирање на документацијата до Основното јавно обвинителство во Скопје ќе достави соодветен поднесок, за што дополнително ќе биде известена јавноста, се наведува во соопштението од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.