МВР изгледа на оваа надлежност мислеше, коментира Ивор Мицковски споделувајќи фотографија од поранашниот скопски градоначалник Петре Шилегов.

Реакцијата доаѓа откако вчера МВР ја обвини скопската градоначалничка Данела Арсовска дека нејзините служби се виновни за хаосот во сообраќајот кој се создаде вчера.

Јасни се надлежностите на Градот и на Центарот за управување и контрола на сообраќајот, кој служи исклучиво за мониторинг на сообраќајот во градот. Градот Скопје ниту има надлежност за регулирање на сообраќај, ниту пак има надлежност во регулирање при сообраќајни несреќи. Денешниот ден е доказ дека граѓаните се жртва секогаш кога институциите, а во случајов МВР не си ја вршат својата работа. Град Скопје тоа нема да го дозволи и ќе бара одговори и одговорност, реагираа на обвинувањата од Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.