Изминатиот период ги детектиравме критичните точки каде што нив најмногу ги има и сме во постојана комуникација со ЈП„Лајка“. Заеднички бараме начини за хумано и соодветно третирање на овие животни, без да се загрози нивната безбедност, но и за безбедноста на секој еден граѓанин, објави на Фејсбук градоначлникот на Аеродром Тимчо Муцунски.

Ги следиме актуелни објави на здруженијата на заштита за животните и актуелните наводи дека зад бензинската Лукоил е расфрлан отров. Уште од првиот момент кога го прочитав ова ги пуштивме екипите на терен и тие истражуваат дали информации се точни. Згрозен сум од сите такви чинови кои се случувале претходно и барам најстрога казна за оние кои свесно се одлучуваат за смртта на друго живо суштество. Доколку се воспостави дека ова е точно, апелирам и до МВР да се преземат најстроги мерки до сторителите на овој чин. Но, воедно би сакал да посочам дека најпрво треба да се истражат информациите кои кружат по социјалните мрежи, па отпосле да донесеме заклучок.

 

Истите овие организации овие денови пишуваат и за отстранетите куќарки зад Капитол. Куќарките кои ги посочуваат, се отстранети од страна на нашите инспекциски служби по пријави на граѓани и согласно со сите закони. Имено, нашите инспектори на терен утврдиле дека станува збор за дивопоставени засолништа за бездомни кучиња, кои ја загрозувале безбедноста на граѓаните, нивното слободно движење, а особено на децата кои си играат во нивна непосредна близина. По многуте пријави од граѓани приморани бевме да го преземеме овој чекор.

 

Уште од првиот момент при добивање на градоначалничката функција најавив дека во врска со кучињата скитници ќе се бара исклучиво системско решение, кое ќе ги содржи сите принципи на хуманост. Изминатиот период ги детектиравме критичните точки каде што нив најмногу ги има и сме во постојана комуникација со ЈП„Лајка“. Заеднички бараме начини за хумано и соодветно третирање на овие животни, без да се загрози нивната безбедност, но и за безбедноста на секој еден граѓанин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.