Денеска ја почнуваме кампањата од населба Лисиче каде што симболично засадивме седум дрвца. Ќе работиме за чист, зелен и безбеден Аеродром, истакна денеска кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Имаме политичка програма со 7 клучни цели, седум поглавја, кои што се гаранција дека со заокружување на бројот седум Аеродром ќе биде поинаква општина ќе работиме со многу енергија и многу ентузијазам, ќе допреме до секој еден од вас, посочува Муцунски.

Нашата посветена работа ќе биде гаранција дека Аеродром ќе се претвори во најубавата општина во Република Македонија, додаде кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.