Денеска сме пред ООУ „Блаже Конески“ на територија на општина Аеродром, едно од најстарите основни училишта во нашата општина. За прв пат откога е изградено училиштето се инвестира во нова фасада, енергетска ефикасна фасада, вредноста на проектот е над 100.000 евра и се смета како една значајна инвестиција во училиштето. Би дополнил и неколку други работи. На кровот на училиштето веќе се поставени фотоволтации, што значи и тука внимаваме на енергетската ефикасност каде што училиштето за свои потреби ќе произведува електрична енергија, истакна денес градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

-Исто така во моментот се врши проектирање за доградба на основното училиште. Ова е едно од тие основни училишта на територија на општина Аеродром, заради катастрофалното урбанистичко планирање во минатото кое што е под ризик, не за втора смена, туку за трета смена, што значи веднаш по проектирањето ќе почнеме со изведба, ќе го прошириме капацитетот на училиштето, што сметаме дека во одреден период ќе воспостави сериозна стабилност од гледна точка на потребата на училници. На оваа локација исто тука во близина можете да видите дека има угостителски објекти, што за мене како градоначалник е недозволиво, во дворот на основно училиште да има угостителски објекти. Проблем кој што го има во оваа општина повеќе од десетина години. Успеавме да се договориме со лицето кое што го има под закуп, потпишуваме спогодба, многу скоро веќе нема да има угостителски објект во дворот на основното училиште и во моментот се врши промена на деталниот урбанистички план, за да на локацијата каде што сега имаме угостителски објект кој што наскоро веќе нема да биде тука, да се изгради нова детска градинка. Бидејќи свесни и во последниот период дека имаше сериозни реакции во јавноста, многу оправдани реакции од родителите бидејќи нема доволно места во градинките во скоро сите скопски општини, Аеродром никако не е исклучок од тоа. Така да една од нашите приоритетни градинки кои што ги ветивме во кампањата ќе биде токму тука во Мичурин, вели тој.

„Работиме посветено, многу голем дел од инвестициите кои што ги правиме, капитални инвестиции кои што веќе ги отпочнавме, а ќе ги реализираме дополнително во следниот период се во делот на инфраструктурата поврзано со образование, основните училишта и поврзано со градинките бидејќи сметаме дека на ваква урбана општина која што расте во своето население, тоа мора да биде еден од приоритетите“ – посочи Муцунски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.