Ги поканив моите противкандидати на кафе дружење за да испратиме порака за обединување кое не само на Аеродром, туку и на цела Македонија ѝ е потребно, напиша на својот фејсбук профил Тимчо Муцунски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој победи на локалните избори за градоначланик на Аеродром.

Сè ова го направив со цел да излеземе од оваа состојба во која се наоѓаме и да го подобриме животот на нашите сограѓани.

Секоја идеја, секој проект кој е од интерес на граѓаните ќе го прифатам и реализирам. Аеродром е на сите нас. Заедно да придонесеме за нашето маало!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.