Почитувани сограѓани,

Најпрво би сакал да истакнам дека ми беше голема чест и задоволство што бев активен учесник во оваа предизборна кампања за избор на градоначалник и Совет на општината Аеродром.

Со позитивна енергија, современ концепт и реални понуди верувам дека успеавме да им се спротивставиме на силните напади на нашите политичките опоненти. За жал, мора да констатирам дека владејачката партија и нивниот кандидат за градоначалник во текот на целата кампања употребуваа разни механизми и средства кои не одговараат на едно современо демократско општество. Политичките противници водеа неморална, непринципиелна и нечесна црна кампања, исполнета со груби навреди кон мене и моето семејство, без каква било основа или доказ за истото. Оставам на судот на јавноста да го оцени таквиот начин на несоодветни лични напади и омаловажувања.

Објавата ја пишувам како знак на благодарност до сите мои сограѓани кои без оглед на својата национална, религиска, родова и партиска припадност безрезервно ми помогнаа во збогатувањето на демократскиот дух на кампањата, но и во размената на иновативни идеи и разни предлог проекти.

Водењето на мојата позитивна кампања искрено, силно и постојано беше поздравувана од страна на сите граѓани кои ги посетивме во повеќето маала и населби. Верувам дека оставивме солиден впечаток и во текот на реализираните безброј контакти, комуникацијата преку широкиот медиумски простор, телевизиските дебати и претставувања, преку што се запознавте со нашата агенда. Искрено се надевам дека ќе биде поддржана опцијата која има чесни намери да се грижи за народот, а не за елитистичките и лични интереси.

Упатувам благодарност до сите граѓани на општината Аеродром за нивната стрпливост и ангажираност и истовремено сакам да ги уверам дека како што сериозно ги презентиравме нашите идеи, планови и проекти за долгорочен развој, така посветено ќе вложиме максимални напори преку современ, непосреден и професионален пристап да ги исполниме и нивните очекувања.

Почитувани граѓани на мојата општина Аеродром, ве повикувам во недела на 17-ти октомври да издвоите дел од вашето слободно време и масовно да излезете на гласачките места, со цел слободно да ја изразите вашата волја. Барајќи ја вашата доверба и поддршка ви ветуваме одговорна и квалитетна работа, како и силна посветеност во прилог на создадавање на чист, безбеден, модерен и просперитетен европски Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.