Таму каде што сакате да изградите општинска зграда, којашто ќе чини два пати повеќе од реалната вредност, нема да има општинска зграда во Реонски центар туку ќе има парк од 5.000 квадратни метри и дополнително како правник ветувам, дека ќе го решиме правно проблемот со касарната Гоце Делчев, рече Тимчо Муцунски кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, во изборното соочување во МТВ вечерва.

-Потребна е општинска зграда, но не два пати повеќе од реалната вредност за таква зграда, а на нова локација ќе биде изградена општинска зграда со многу помалку средства,а од овие кои ќе ги заштедиме ќе бидат користени развојни за капитални инвестиции, рече Муцунски.

Муцунски во однос на зелената површина наброи неколку локации за паркови и зелена површина која ќе се протега низ булеварите, која ќе изобилува со забавен парк, со парк за миленичиња и скромно гарантира дека до крајот на неговиот мандат Аеродром ќе има 100.000 квадрати зелена површина како што доликува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.