Владата вчера го потпиша договорот со ЕИБ за грант на пречистителна станица во Скопје, проект во кој беше вклучен Златко Перински како директор на ЈП Водовод и канализација.

Вчера се обезбеди дополнително 70 милиони евра грант од ЕУ за финансирање на проектот за изградба на пречистителна станица во градот Скопје. Договорот го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и заменик-претседателката на ЕИБ Лилјана Павлова. На потпишувањето на Договорот присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Проектот за пречистителна станица во Скопје е актуелен изминативе неколку месеци, од кога градоначалничката Данела Арсовска го наклевети поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински дека влијаел на тендерската документација за изградба на пречистителната станица.

Арсовска сакаше да влијае во тек на постапка за избор на изведувач и инсистирала на смена на Комисијата, што е спротивно на праксата на ЕИБ. А, поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински не дозволи незаконие во постапката за пречистителна станица и затоа и засмета на градоначалничката на Град Скопје и СДСМ кои здружено се борат во обидот за криминал.

Набавките се спроведени во согласност со водичот за набавки на ЕИБ и во согласност со одобрената стратегија за набавки. До денес, Комитетот за евалуација, потпомогнат од искусен тим, од меѓународни консултанти, ги извршуваше своите задачи на посветен начин. Обидите да се ревидира стратегијата за набавки, без соодветно оправдување во оваа фаза од процесот на евалуација, или неусогласеноста со важечките принципи за доверливост, може да предизвика значително одложување во процесот на набавка и на тој начин може да ја загрози достапноста на средствата“, наведено е во делот од соопштението на ЕИБ што го сподели поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински на 15.09.2022 година.

По овој скандал, јавноста беше запознаена по медиуми дека градоначалничката Данела Арсовска имала средба со Димитар Ковачевски.

Арсовска свесно го загрози проектот за пречистителна станица на реката Вардар. Таа спротивно од препораките и правилата на ЕИБ и ЕБОР сакаше да менува комисија во тек на постапка. Заради Арсовска е загрозен проектот за пречистителна станица за Скопје, а намалена е и довербата на градот, како институција во очите на странските кредитори и даватели на грантови. И наместо да се фати за работа, Арсовска во коалиција со СДС смислува кампања и се фрлаат народни пари за билборди и спотови во ек на криза“, коментира ВМРО-ДПМНЕ.

И за потсетување, вчера градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска уште еднаш беше демантирана од потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова во врска со пречистителната станица.

Она што можам да го кажам од оваа перспектива знаете дека Европската Инвестициона банка е главен финансиер и ние имаме и мораме да следиме посебни правила и процедури кои што се веќе воспоставени, вршиме надзор на процесот на набавка, да ги вршиме сите потребни и вонредни проверки и контроли и она што можам да го кажам е дека процесот на набавка беше успешно завршен и немаше отстапки и имаме зелено светло за потпишување на договорите за изградба и надзор од страна на Водовод и канализација. И во оваа фаза можам да кажам дека немаме проблеми и навистина со нетрпение ги очекувам роковите и датумите кога ќе се потпишат договорите и успешно да започнеме со имплементацијата, изјави Павлова, потпретседателка на ЕИБ, рече потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.