Повторно во Аеродром, повторно нов парк, нова инвестиција, сега овде во Лисиче и добро е тоа да се гради, да се прават инвестиции кои ќе значат подобар живот за граѓаните. И покрај тоа што имаме состојба во која што владата континуирано посебно за Општина Аеродром се врши жесток притисок во форма на тоа да се намалуваат дотациите, рече пред медиумите претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на посетата на општина Аеродром.

Континуирано се кратат дотациите, нема никаква поддршка ниту од владата ниту од Град Скопје иако беше многу ветувано посебно од Град Скопје за Аеродром, но еве толку се можностите и се прават натчовечки напори да бидат се поголеми. Се прават ваков тип на проекти и објекти и мислам дека ова ќе продолжи и во иднина со засилено темпо, посебно во периодот кога новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде избрана. Јас му честитам на Тимчо , на Дејан и останатите советници, на администрацијата во Општина Аеродром што и покрај притисокот кој чувствуваат на дневна основа и покрај кратењата и нечовечкиот однос од страна на централната власт сепак изнаоѓаат средства истовремено да ги испорачуваат ветувањата со тие лимитирани можности и да се грижат за животната средина и квалитетот на живот на луѓето во општина Аеродром. Посакувам така да продолжат и убеден сум дека така храбро, чесно и одговорно како досега ќе продолжат и во иднина, а со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, многу голем дел од капиталните проекти кои не биле во програмата а кои граѓаните им се потребни и ги бараат ќе бидат реализирани – истакна Мицкоски.

Честитки, само напред и посакувам уште многу вакви работи да се направат, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.