Координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Ирена на денешната седница на Советот на Град Скопје зборуваше за одлуката со која градот сака да им додели 38 милиони денари на здруженија на граѓани за зелен кров.

Дали стопанствениците на дуќани во трговскиот центар Мавровка ќе учествуваат со свои средства во реализација на овој проект или Градот Скопје е толку богат што ќе донира, праша Мишева.

Координаторката Мишева се осврна на приоритетите на Градот Скопје кои не се реализирани и укажа дека со оваа предлог одлука се креира пракса дека сите трговски центри преку здруженија на граѓани може да аплицираат и да добијат средства за оваа намена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.