Министерството за информатичко општество и администрација не е надлежно да издава дозволи во услови на ограничено движење на вработените во ЈП „Комуналец“. Од тука, демантираме дека вината зошто ЈП „Комуналец“ не се погрижило за хигиената во градот Скопје, за време на викендот е кај МИОА, велат од во ова министерство.

Тие го повикуваат раководството да постапи по насоките од Кризниот штаб на Владата на Република Македонија, каде јасно е наведено дека претпријатија од профилот на ЈП „Комуналец“, работењето за време на полициски час едноставно само го најавуваат на 192.

Во категоријатадозволи за движење со јавување во МВР на 192 влегуваат:

 

  • Вработени во агенции за обезбедување и чуварскислужби

 

  • Вработени во сервисникомпании (ЕВН, телекомуникациски и кабелскиоператори, јавни и комуналнипретпријатија)

 

Очекуваме и се надеваме дека направената грешка овој викенд брзо ќе биде поправена и дека нема да биде повторена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.