Денес на министерот за здравство му е доделена наградата “13 Ноември”. На истиот тој министер му изгореа 15 живи луѓе, имаме водство по број на починати од Корона во Европа и светот и 5 години го чекаме да изгради Клинички центар. Наградата всушност се вика “Спаси го Венко”.

Филипче, кој е неврохирург, учествуваше во медицинскиот тим на доктори кои ја изведоа првата операција во Република Македонија, имплантација на вагус нерв стимулатор, кај пациент со епилепсија отпорен на лекови. Заедно со Филипче операцијата ја изведоа српскиот доктор, Владо Башчаревиќ, од Клиниката за неврохирургија во Србија, каде оваа метода веќе се изведува, директорот на Клиниката за неврохирургија во Скопје, Владимир Радевски, како и тим лекари од скопската Клиника за неврологија: Емилија Цветковска и Бојан Бошковски, со поддршка од директорот Иван Барбов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.